• петок, 05 декември 2025

Санкционирани 596 возачи во државава за еден ден поради брзо возење, 32 лица возеле под дејство на алкохол

Санкционирани 596 возачи во државава за еден ден поради брзо возење, 32 лица возеле под дејство на алкохол

Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Санкционирани биле 596 возачи во државава за еден ден поради брзо возење.

- Во текот на вчерашниот ден, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 861 издадени платни налози, повеќе од половината од платните налози, односно 596 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење, појаснуваат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера биле евидентирани 28 прекршоци за неправилно паркирање, 51 прекршок изречен за возачи кои управувале возилo без возачка дозвола, како и 32 прекршоци за возачи кај кои е детектирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.

- Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на вчерашниот ден, санкционирани биле и 16 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 14 лица заради користење на мобилен телефон при возење, додека пак прекршочно се санкционирани уште 26 лица кои некористеле сигурносен појас. Исто така, а согласно Законот за возила, шест возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност, додаваат од МВР.

Оттаму истакнуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/са/

Фото: „Фејсбук“-страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан