Санкционирани 54 прекршоци на возила во текот на вчерашната акциска контрола
- Санкционирани се 54 прекршоци, од кои 16 поради неисправен уред за запирање во текот на вчерашната акциска контрола за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници во државата.
Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Санкционирани се 54 прекршоци, од кои 16 поради неисправен уред за запирање во текот на вчерашната акциска контрола за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници во државата.
Од Министерството за внатрешни работи известија дека на вонреден технички преглед биле упатени 177 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.
За време на контролата биле констатирани и законски санкционирани 173 други видови на сообраќајни прекршоци.
МВР најавија дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, како и навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци. сан/са/