• четврток, 19 декември 2024

Санкционирани 27 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Санкционирани 27 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Битола
Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа од 22 часот до 4 изутрината на територија на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата, како што посочуваат од МВР, констатирани и законски санкционирани се 27 возачи, а биле санкционирани и 25 останати прекршоци. Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила. рп/аа/

Остани поврзан