• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 193 возачи, двајца возеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното

Санкционирани 193 возачи, двајца возеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното
Скопје, 12 јануари 2021 (МИА) - При зајакната сообраќајна контрола на Министерството за внатрешни работи вчера се санкционирани 193 возачи на територијата на Република Северна Македонија. Од нив пет возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што информираат од МВР, 68 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место. Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта. ар/ац/

Остани поврзан