• вторник, 17 декември 2024

Само Удине подготвен да биде домаќин на Израел

Само Удине подготвен да биде домаќин на Израел


Рим, 12 септември 2024 (МИА) – Италијанската фудбалска репрезентација ќе го пречека Израел во рамки на Лигата на нации на 14 октомври во Удине, соопшти денеска италијанската фудбалска Федерација.
Удине, кој се наоѓа во североисточна Италија, последен пат беше домаќин на националниот тим во март 2019 година кога гостуваше Финска.
Изборот Италија да го игра натпреварот против Израел во Удине дојде по одбивањето на многу градови да бидат домаќини на натпреварот поради конфликтот меѓу Израел и Палестина.
Во изминатото коло Белгија го пречека Израел во унгарскиот град Дебрецен, а натпреварот се одигра пред празни трибини.
Италијанската федерација објави дека билетите за натпреварот на стадионот „Фриули“ ќе бидат пуштени во продажба на 17 септември.
Италија, која беше елиминирана во осминафиналето на ЕП 2024 од Швајцарија, во Лигата на нации стартуваше со две победи – против Франција во Париз (3:1) и против Израел во Будимпешта (2:1).
Пред да го пречекаат Израел, избраниците на Лучијано Спалети ќе играат против Белгија на Олимпискиот стадион во Рим. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан