• петок, 05 декември 2025

Самостојна изложба на младата уметница Анастасија Стоименовска во Делчево

Самостојна изложба на младата уметница Анастасија Стоименовска во Делчево

Делчево, 24 јуни 2025 (МИА) - Во Делчево вечерва се одржа втората самостојна изложба на младата уметница Анастасија Стоименовска од Македонска Каменица. Настанот е во организација на Националата установа центар за култура Никола Јонков Вапцаров и Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“.

-Оваа вечер имаме чест да претставиме еден млад автор кој по она што го видов во нејзините дела се работи за млад автор кој ги прави првите чекори во ликовната дејност. Ова и е втора изложба и се надевам дека во иднина нејзините дела ќе ги красат изложбените салони и галерии во земјава и странство, истакна програмскиот директор на делчевската установа Методи Толевски.

Авторката изрази благодарност за поканата и за можноста пред делчевчани да го промовира твоето ликовно творештво.

- Во моментот најмногу работам во техника масло на платно. Цртам од мала после основно почнав посериозно да го сваќам сликарството и беше полесно да се фокусирам на цртањето. Им благодарам на сите кои ми овозможуваат да ги споделувам сите мои дела со сите околу мене, рече Стоименовска.

Свое обраќање имаше и директорот на фестивалот Јаков од Камена Река, Миле Ѓорѓијоски кој ги запозна присутните со активностите за фестивалот во делот на ликовната уметност.

Во Делчево се претставени 50-тина нејзини дела а изложбата ќе биде отворена во наредните 10 дена. вс/ев/

ФОТО: МИА


Фото: МИА

Остани поврзан