• петок, 05 декември 2025

Салиу: Шуто Оризари заслужува основни услови за живот

Салиу: Шуто Оризари заслужува основни услови за живот

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа оствари средба со жителите на улица „Брсјачка Буна“.

На средбата граѓаните јасно ги истакнале проблемите со кои секојдневно се соочуваат, како што се неасфалтирани улици, недостиг од канализација и недоволно улично осветлување.

-Овие прашања не се луксуз, туку основни услови за живот. Нема оправдување што жителите на оваа општина и денес, по речиси три децении, живеат без инфраструктура што им следува. Мој приоритет како градоначалник ќе биде решавање на овие проблеми со јасен план и одговорно раководење, изјавил Салиу.

 Демократските сили на Ромите, како што се наведува во соопштението, останува посветена на визијата за Шуто Оризари како европска општина, со чесно и транспарентно управување, каде секој жител ќе има пристојни услови за живот.

Кампањата ќе се реализира во повеќе градови низ државата во партнерство со општествено-одговорната компанија „Зегин“, а започна денес во Куманово, во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“. Активностите ќе бидат насочени кон подигање на свеста за важноста на образованието, како и промоција на позитивни примери на успешни млади Роми. дма/

Фото: Шабан Салиу

Остани поврзан