• среда, 18 декември 2024

Салах сака да добива 500.000 фунти неделно во Ливерпул според новиот договор

Салах сака да добива 500.000 фунти неделно во Ливерпул според новиот договор
Ливерпул, 4 септември 2021 (МИА) – Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ги кажа своите барања за да го продолжи договорот со Ливерпул. Салах сака да добива 500.000 фунти неделно според новиот договор, пишува „The Mirror“. Сега тој добива 200 илјади за истиот период. Доколку Ливерпул го прифати овој услов, Египќанецот ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот. Во тековната сезона, напаѓачот одигра три натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи два гола и две асистенции. На Салах му остануваат помалку од две години од актуелниот договор. зс/

Остани поврзан