• петок, 22 ноември 2024

Сакраменто е во серија од седум победи, прв пат по 2005 година

Сакраменто е во серија од седум победи, прв пат по 2005 година
Мемфис, 23 ноември 2022 (МИА) - За прв пат од 2005 година, Сакраменто има седум последователни победи во НБА-лигата. „Кралевите“ ноќеска ги победија Мемфис гризлис со 113:109, продолжувајќи ја нивната победничка серија на седум. Ова е прва ваква победничка низа за Сакраменто по 2005 година. Тимот предводен од тренерот Мајк Браун, кој ја започна сезоната со четири последователни загубени средби, сега е на 3. место во Западната конференција со скор 10-6. Сакраменто има 16-годишна последователна серија без учество во плејофот, што е негативен рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот. зс/

Остани поврзан