• петок, 05 декември 2025

Саем за кариера на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид

Саем за кариера на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид

Охрид, 2 декември 2025 (МИА) – На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид утре од 12 часот ќе се одржува Саем за кариера.

Настанот ќе им овозможи на студентите непосредно да се сретнат и разговараат со претставници од компании за можностите што им стојат на располагање кога станува збор за пракса, вработување и понатамошен професионален развој.

Компаниите, информираат од Универзитетот, ќе имаат можност да ги претстават своите програми, вработувачки потреби и активности, а учеството за нив е целосно бесплатно.

„Како високoобразовна институција која континуирано придонесува за едуцирање и развој на стручно подготвени ИТ кадри, Универзитетот преку овој настан ја зајакнува соработката меѓу академијата и индустријата. Очекуваме интерес и успешна соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот, со цел создавање нови можности за младите кадри во ИТ секторот. Исто така, ги повикуваме средношколците да дојдат да го посетат Саемот за кариера, бидејќи тоа е прекрасна можност да се запознаат со студиските програми што ги нуди Универзитетот и можностите за нивен кариерен развој“, потенцираат од Универзитетот. аб/вј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан