• понеделник, 23 декември 2024

САД ќе ја бојкотираат почитта на ОН за иранскиот лидер Раиси

САД ќе ја бојкотираат почитта на ОН за иранскиот лидер Раиси

Њујорк, 30 мај 2024 (МИА) - Соединетите Држави ќе ја бојкотираат денешната почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на почетокот на овој месец, изјави американски официјален претставник.

193-членото Генерално собрание на ОН традиционално се состанува за да оддаде чест на светски лидер кој бил актуелен шеф на државата во моментот на неговата смрт.

-Нема да присуствуваме на овој настан во никакво својство, изјави неименуван американски функционер за британски медиуми. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан