• недела, 22 декември 2024

САД: Федералните обвинители најавуваат нови обвиненија против Хантер Бајден до крајот на месецов

САД: Федералните обвинители најавуваат нови обвиненија против Хантер Бајден до крајот на месецов

Вашингтон, 7 септември 2023 (МИА) - Американските федерални обвинители планираат да побараат ново обвинение против синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден до крајот на месецов, јавија американски медиуми повикувајќи се на судски документи.

Документите беа поднесени за нелегално поседување на огнено оружје, при што Хантер Бајден е обвинет дека имал пиштол додека се дрогирал, иако обвинителите се уште не прецизираа какви обвиненија ќе бараат.

Тој беше под истрага и за неговите деловни зделки. Според државниот обвинител на Делавер, Дејвид Вајс, новоименуван за специјален обвинител во истрагата, обвиненијата во случајот за даночно затајување и случајот за нелегално поседување огнено оружје против Хантер Бајден ќе бидат поднесени пред 29 септември.

Неговите адвокати соопштија дека тој ги почитувал условите од првичниот договор со обвинителите за обвинението за нелегалното оружје, што би го чувало синот на претседателот Бајден од гонење доколку нема нови прекршувања или проблеми две години. Според неговиот адвокат, договорот останува во сила. Сепак, обвинителите не се согласуваат со него. ссм/

фото: архива

Остани поврзан