• недела, 22 декември 2024

САД со санкции против компании што ги финансираат нападите на Хутите

САД со санкции против компании што ги финансираат нападите на Хутите

Вашингтон, 12 јануари 2024 (МИА) - САД го засилуваат притисокот на Хутите поддржани од Иран во нивните напади на морските бродови што пловат во меѓународни води и денеска наметнаа нови санкции со цел да се ограничат доходите од продажбата на стоки поврзани со иранската милитантна група „Кудс“ и јеменските Хути

Како што се вели во денешното соопштение на Министерството за финансии на САД, санкции се воведуваат против компании од Хонгконг и од Обединети Арапски Емирати што реализираат снабдување на ирански стоки порачани од финансиски посредник на Хутите поддржуван од силите „Кудс“, кои се веќе под санкции на САД. Под санкции се ставени и четири бродови.

Министерството изјави дека приходите од продажбата на стоките одат во полза на Хутите и нивните напади на пловила во Црвеното Море и во Аденски Залив.

-САД продолжуваат со преземање мерки против незаконските ирански финансиски мрежи кои ги финансираат Хутите. Заедно со нашите сојузници и партнери ќе ги преземаме сите можни мерки да се запре со дестабилизирачките активности на Хутите и нивната закана по светската трговија, изјави Брајан Нелсон, заменик министер за финансии задолжен за борба со тероризмот и финансиско разузнавање.

Санкциите следуваат откако американски и британски воени авиони, бродови и подморници ноќеска извршија десетици ракетни удари врз Јемен а во одговор на нападите на бродовите во Црвеното Море. кб/

Остани поврзан