• понеделник, 23 декември 2024

САД со нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина

САД со нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина

Вашингтон, 27 јуни 2023 (МИА) – САД ќе ѝ дадат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, соопшти денеска Пентагон.

Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“.

Новата помош вклучува борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери „Страјкер“ и муниција за ракетните системи „Хајмарс“.

- Целта на помошта е да се зајакне способноста на Украина да спроведува контраофанзивни операции, да ги зајакне нејзините капацитети за воздушна одбрана … и да и обезбеди други средства за одбивање на руските сили, се наведува во соопштението на Пентагон.

Ова е 41-ви пакет помош од САД за Киев откако руските сили ја нападнаа Украина во февруари минатата година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан