САД соопштија дека пренасочиле седум трговски бродови во рамките на обновената блокада на иранските пристаништа
- Американската војска денеска соопшти дека пренасочила седум трговски бродови и оштетила еден пловен објект во рамките на обновената блокада на иранските пристаништа.
Вашингтон, 20 јули 2026 (МИА) – Американската војска денеска соопшти дека пренасочила седум трговски бродови и оштетила еден пловен објект во рамките на обновената блокада на иранските пристаништа.
Минатата недела САД објавија дека повторно воведуваат блокада на иранските пристаништа на брегот на Персискиот Залив, како одговор на нападите на Техеран врз бродови кои се обидувале да преминат низ Ормуската Теснина.
Вашингтон првпат воведе блокада во средината на април, а ја укина во средината на јуни, еден ден по потпишувањето на привремениот договор со кој беше предвиден рок од 60 дена за преговори за иранската нуклеарна програма и за други спорни прашања.
Откако преговорите не дадоа резултат, воените дејствија меѓу двете страни повторно беа интензивирани.
Претходно денеска, јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, соопштија дека ги блокираат саудиските пристаништа долж брегот на Црвеното Море. ссм/
фото: архива