• петок, 22 ноември 2024

САД: Русија сè уште не е воздухопловно надмоќна

САД: Русија сè уште не е воздухопловно надмоќна
Вашингтон, 21 март 2022 (МИА) - Во изминатите два дена Русија го зголемила бројот на летови на воени авиони над Украина, а во 24 часа извела дури 300 летови, изјави во последните 24 часа, изјави неименуван висок американски претставник. Тој додаде дека Русија сè уште не е воздухопловно супериорна. Според него и Украина го зголемила темпото на своите воени летови, но не наведе бројка. Тој истакна дека повеќето воени летови вклучуваат напади воздух-земја, главно врз стационарни цели, додавајќи дека руските авиони не поминуваат многу време во украинскиот воздушен простор. Украинската армија продолжи да ги користи своите системи за противвоздушна одбрана со краток и долг дострел и беспилотни летала за гаѓање на руски авиони, посочи неименуваниот американски претставник. ми/

Остани поврзан