• понеделник, 23 декември 2024

САД и Русија го продолжија Договорот за стратешко нуклеарно вооружување на пет години 

САД и Русија го продолжија Договорот за стратешко нуклеарно вооружување на пет години 
Вашингтон, 3 февруари 2021 (МИА) - САД денеска формално прифатија продолжување на Договорот за стратешко нуклеарно вооружување (СТАРТ) со Русија на рок од пет години, откако Договорот помеѓу двете сили требаше да истече за два дена. Со соопштение за ова денеска излезе државниот секретар Ентони Блинкен, во кое се наведува дека новото продолжување на СТАРТ овозможува руските интерконтинентални балистички ракети, балистичките проектили од подморници и тешки бомбардери да бидат „верифицирано лимитирани до 2026 година“. - Договорот гарантира задржување на заедничкиот режим подложен на проверка со што САД имаат поголем увид во нуклеарната состојба на Русија. Посебно во време на тензија, подложните на проверка ограничувања на нуклеарниот интерконтинентален арсенал на Русија се од витално значење, изјави Блинкен. Тој додаде дека продолжувањето на Новиот СТАРТ договор ги прави САД, американските сојузници и партнери, како и светот, побезбедни. - Неограничената нуклеарна трка сите би не ставила во опасност, истакна Блинкен. Формалното прифаќање од страна на Вашингтон доаѓа по пет денови откако Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин потпишал Закон за пролонгирање на договорот со САД. Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека биле разменти дипломатски ноти со што се потврдува продолжувањето на договорот на пет години. кб/ми/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан