САД да внимаваат со изјавите, Иран е подготвен да одговори - предупреди главниот ирански преговарач
- Главниот ирански преговарач со САД во швајцарското одморалиште Обирген, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, денеска изјави дека САД треба да бидат внимателни со своите изјави.
Обирген, 21 јуни 206 (МИА) - Главниот ирански преговарач со САД во швајцарското одморалиште Обирген, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, денеска изјави дека САД треба да бидат внимателни со своите изјави.
- Соединетите Американски Држави треба да бидат внимателни со своите изјави. Нашите вооружени сили се подготвени да реагираат, рече Галибаф.
Иранската делегација протестирала до американската делегација за заканите упатени претходно денеска од американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател денеска прво му се закани на Иран дека ќе го „удри уште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан - Хезболах, а потоа упати закани и до иранските преговарачи дека „нема да се вратат во својата земја“ ако Техеран повторно ја блокира Оруската Теснина.
Според информации од иранските државни медиуми, на преговорите во Швајцарија треба да се финализира нацрт-компромис за санкциите врз иранската нафта.
Но, иранската страна предупредила дека доколку не заврши воената интервенција на Израел во Либан, преговорите за какви било други прашања меѓу САД и Иран нема да продолжат.са/
Фото: ЕПА