• петок, 22 ноември 2024

САД го признаваат Едмунд Гонзалес за победник на изборите во Венецуела

САД го признаваат Едмунд Гонзалес за победник на изборите во Венецуела

Вашингтон, 2 август 2024 (МИА) - САД денеска го признаа опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес, главниот противник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за победник на претседателските избори, притоа отфрлајќи ја изјавата за победа на Мадуро.

-Со оглед на убедливите докази, САД, а што е уште поважно, на народот на Венецуела, им е јасно дека Едмундо Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на изборите одржани на 28 јули, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јавија британските медиуми.

Изборната комисија го прогласи Мадуро за победник со 51 отсто освоени гласови, додека опозицијата наведува дека врз основа на преброените 90 отсто од гласовите нејзиниот кандидат добил двојно повеќе.

Спорните избори предизвикаа бран протести низ целата земја.

Блинкен во својата официјална изјава не навести нови санкции против Венецуела, но, сепак кажа дека било предложено да има можни „казнени акции“.

-Ние целосно го поддржуваме процесот на повторно воспоставување на демократските норми во Венецуела и подготвени сме да разгледаме начини за нивно зајакнување заедно со нашите партнери, рече шефот на американската дипломатија.

Блинкен повика и на заштита на лидерите на опозицијата, како и на фактот дека безбедносните сили не треба да бидат инструмент за политичко насилство врз граѓаните кои ги бараат своите демократски права.

Претседателите на Бразил, Мексико и Колумбија ја повикаа Венецуела да ги објави деталните изборни резултати.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан