• петок, 05 декември 2025

САД го освоија Златниот куп

САД го освоија Златниот куп
Лас Вегас, 2 август 2021 (МИА) – Фудбалерите на САД, рано утрово во Лас Вегас го победија Мексико со 1:0 по продолженија во финалето на Златниот куп на КОНКАКАФ. Основните 90 минути завршија без победни и без постигнат гол па се играа продолженија. Во 117. минута Мајлс Робинсон постигна победнички гол за Американците. Ова е седма титула во Купот КОНКАКАФ за САД. Мексико останува најтрофејна репрезентација во ова натпреварување со 11 освоени титули. зс

Остани поврзан