• понеделник, 23 декември 2024

САД ги отфрлија како „пропаганда на Кремљ“ тврдењата на Русија за украинска поврзаност со терористичкиот напад во Москва

САД ги отфрлија како „пропаганда на Кремљ“ тврдењата на Русија за украинска поврзаност со терористичкиот напад во Москва

Вашингтон, 25 март 2024 (МИА) - Белата куќа денеска ги отфрли руските тврдења дека пукањето во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, во кое загинаа 137 лица, е поврзано со Украина, објавија британските медиуми. 

-Тоа нема никаква врска со Украина... Ова е само дополнителна пропаганда на Кремљ, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби на прес-конференција. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан