• недела, 22 декември 2024

Руте: Франција и Холандија се договорија за начините како ЕУ да се спротивстави на американскиот закон за намалување на инфлацијата

Руте: Франција и Холандија се договорија за начините како ЕУ да се спротивстави на американскиот закон за намалување на инфлацијата

Париз, 30 јануари 2023 (МИА) – Франција и Холандија се на иста позиција кога станува збор за начините за дејствување на Европската унија во случај на несакани последици од Законот за намалување на инфлацијата, кој стапи на сила во САД, изјави премиерот на Холандија, Марк Руте, по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Се договоривме прво внимателно да испитаме кои средства се веќе достапни во ЕУ“, рече Руте, осврнувајќи се на дискусиите за тоа дали на ЕУ и се потребни нови средства за поддршка на индустријата што може да биде погодена од протекционистичките политики на САД.

„И треба да видиме што може да направи ЕУ за да се осигура дека САД ќе ја третираат онака како што ги третираат Мексико и Канада, за ЕУ ​​да се справи со несаканите последици од страна на САД“, додаде тој. паг/

 

Остани поврзан