Руте: Правото на Украина на самоодбрана не се завршува на границата
- Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека правото на Украина на самоодбрана „не завршува на границата“.
Брисел, 1 октомври 2024 (МИА) - Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека правото на Украина на самоодбрана „не завршува на границата“.
Руте призна дека ситуацијата на украинското бојно поле е тешка, но додаде дека напредокот на Русија има многу висока цена, пишува NL Times.
„Според неодамнешните проценки, руските загуби се движат од околу 1.000 убиени или ранети дневно. А тоа е само мал дел од вкупно 500.000 кои се веќе убиени или ранети“, рече Руте.
Јенс Столтенберг денеска му ги предаде овластувањата на генералниот секретар на таа организација на Руте на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел. рп/
Фото: МИА архива