• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина

Њујорк, 14 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика денеска на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина.

„Нормално е, ако војната некако се запре, Европа, чекор по чекор, а исто така и САД - чекор по чекор, да ги обноват нормалните односи со Русија“, рече Руте во интервју за ТВ Блумберг.

Тој, сепак, нагласи дека се уште не е време за тоа и дека е неопходно да се продолжи притисокот врз Русија за Москва „сериозно да ги сфати преговорите“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан