Руте: Зборував со Вучиќ, ќе помогнеме да се намалат тензиите
- - Зборував со (претседателот на Србија Александар) Вучиќ, денеска имам можност да разговарам и со премиерката на Србија и со премиерот на Косово. Се надевам дека сите ќе помогнат да се намалат тензиите. Многу се ангажираме да се подобри состојбата на северот на Косово, рече Руте.
![Руте: Зборував со Вучиќ, ќе помогнеме да се намалат тензиите](https://new.mia.mk/images/20231016122801_big_730x400_68.webp )
Тирана, 16 октомври 2023 (МИА) - Холандскиот премиер Марк Руте упати порака пред почетокот на самитот на Берлинскиот процес што се одржува денеска во Тирана.
По средбата со Рама и фотографирањето, Руте ги повика сите земји да соработуваат за да помогнат во намалувањето на тензиите меѓу Косово и Србија.
- Зборував со (претседателот на Србија Александар) Вучиќ, денеска имам можност да разговарам и со премиерката на Србија и со премиерот на Косово. Се надевам дека сите ќе помогнат да се намалат тензиите. Многу се ангажираме да се подобри состојбата на северот на Косово, рече Руте.
Ладна средба меѓу Рама и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој во куса изјава рече дека со Рама ќе разговара за градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој е во притвор.
-Ќе разговарам со премиерот Еди Рама и ќе побарам да се дозволи Фреди Белери да даде заклетва како градоначалник, рече Мицотакис.
Она што беше забележано од приемот на премиерот Рама е и недоволната комуникација со косовскиот премиер Албин Курти и со српската премиерка Ана Брнабиќ, со кои имаше само ракувања и официјални фотографии, наспроти срдечните средби со другите гости.
По приемот пред владата, учесниците пеш се упатија кон „пирамидата“каде ќе се одржува Самитот. вт/ссм/