Руте ги повикува НАТО сојузниците да ја зголемат воената поддршка за Киев
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека сојузниците на Алијансата би требало да ја зголемат воената помош за Украина, за да ја засилат позицијата на Киев доколку украинскитре власти влезат во преговори со Москва за завршување на војната
Брисел, 3 декември 2024 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека сојузниците на Алијансата би требало да ја зголемат воената помош за Украина, за да ја засилат позицијата на Киев доколку украинскитре власти влезат во преговори со Москва за завршување на војната.
- Потребно е сите повеќе да направиме. Што посилна биде нашата помош за Украина сега, тоа ќе биде појака нивната сила на преговарачката маса, посочи Руте.
Тој додаде дека претседателот на Русија, Владимир Путин не е заинтересиран за мир.
- Тој продолжува понатаму, се обидува да заземе повеќе територија бидејќи мисли дека може да ја скрши нашата и украинската одлучност, но во тоа греши, наведе Руте.
Министрите за надворешни работи на 32-те земји-членки на НАТО денеска во Брисел се на последната средба на високо ниво пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари. На средбата главна тема ќе биде поддршката за Украина. ми/
фото: МИА архива