Руски напад во Запорожје: Убиена брачна двојка во село Омелник
- Брачна двојка загина во руски напад со насочувани бомби врз село Омелник во областа Запорожје, соопшти утрово воената администрација на регионот.
Запорожје, 1 септември 2025 (МИА) – Брачна двојка загина во руски напад со насочувани бомби врз село Омелник во областа Запорожје, соопшти утрово воената администрација на регионот.
Според Иван Федоров, шеф на воената администрација, нападот предизвикал уништување на куќи, а во една од нив била убиена двојка, при што мажот бил на возраст од 64 години. ссм/
фото: ЕПА архива