• петок, 22 ноември 2024

Руски инвеститори сакаат да ја купат “Адрија“,  ветуваат 200 нови патнички авиони Сухои

Руски инвеститори сакаат да ја купат “Адрија“,  ветуваат 200 нови патнички авиони Сухои
Љубљана, 17 јануари 2020 (МИА) - Група руски инвеститори се заинтересирани да ја купат лиценцата и брендот на пропаднатиот словенечки авиопревозник „Адрија“, јави описникот на МИА од Љубљана. Според претставникот на инвеститорите Олег Евдокимов целта е на европскиот пазар да се донесат 200 нови руски патнички авиони „Сухои“ патнички авиони, јави дописникот на МИА од Љубљана. На само шест дена од закажаната аукција за продажна на имотот и лиценцата на авиокомпанијата, начелен интерес пројавија повеќе субјекти меѓу кои и руските инвеститори, кој кажаа дека тие сакаат да настапат на европскиот пазар здружени со партнери од Обединетите Арапски Емирати. Тие се свесни дека според европските правила, авиокомпаниите во ЕУ морат да имаат во мнозинство европски сопственици, па затоа сега бараат партнер, бидејќи според нив, влезот во Словенија ќе им го отвори патот и до други европски аеродроми. ав/ми/

Остани поврзан