• петок, 22 ноември 2024

Руските власти ги евакуираа селата во Република Адигеја на Северен Кавказ поради пожар предизвикан од напад на дрон

Руските власти ги евакуираа селата во Република Адигеја на Северен Кавказ поради пожар предизвикан од напад на дрон

Мајкоп, 10 октомври 2024 (МИА) - Руските власти ги евакуираа селата во Република Адигеја на Северен Кавказ поради пожар по напад со беспилотно летало.

Селото Родникови во руската Република Адигеја во Северен Кавказ утрово е евакуирано поради пожар што избувна по напад со дрон, изјави шефот на Адигеја, Мурат Кумпилов, на Телеграм.

Според него, нападот бил насочен кон предградијата на главниот град - градот Мајкоп, а нема повредени. Во близина на градот се наоѓа воздухопловната база „Ханска“.

-Во нападот нема жртви, додаде тој.

Во моментов во тек е евакуација на жителите на селото, околу 1.300 луѓе.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во текот на ноќта собориле 47 беспилотни летала над регионот Кубан, во кој е вклучена и Република Адигеја. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан