• вторник, 11 март 2025

Хаканен: Русија ќе остане опасен фактор во Европа дури и по војната во Украина

Хаканен: Русија ќе остане опасен фактор во Европа дури и по војната во Украина

Хелсинки, 19 декември 2024 (МИА) - Русија и земјите кои ја поддржуваат ќе продолжат да претставуваат опасност за Европа и по завршувањето на војната во Украина, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.

„Русија, заедно со своите сојузници, ќе остане опасен фактор во Европа дури и по војната во Украина и не можеме да ја исклучиме можноста да им се заканува на европските земји со употреба на воена сила“, рече Хакиенен на прес-конференција.

Финска го објави својот прв преглед на одбранбената политика откако минатата година се приклучи во НАТО. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан