• понеделник, 23 декември 2024

Русија соопшти дека неутрализирала 17 украински беспилотни летала

Русија соопшти дека неутрализирала 17 украински беспилотни летала

Москва, 15 мај 2024 (МИА) - Руските сили синоќа неутрализираа 17 украински беспилотни летала чија цел биле уништување складиште за гориво во Ростовската област, на југот на земјата, каде што се наоѓа воениот штаб на руската операција во Украина.

-Во текот на ноќта беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади врз цели на територијата на Русија, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Руските одбранбени системи пресретнаа и уништија 17 беспилотни летала во неколку погранични региони на Украина, како и десет ракети ATACMS над полуостровот Крим, се додава во соопштението.

Во Ростовската област, два дрона оштетија складиште за гориво и предизвикаа експлозии, објави локалниот гувернер Василиј Голубев на Телеграм. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан