Русија се надева на „трајна стабилизација на ситуацијата“ во Појасот Газа по договорот меѓу Израел и Хамас
- Русија денеска соопшти дека се надева на „трајно стабилизирање на ситуацијата“ во Појасот Газа по постигнувањето договор меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, што беше објавено синоќа од посредниците од Катар, Египет и САД.

Москва, 16 јануари 2025 (МИА) - Русија денеска соопшти дека се надева на „трајно стабилизирање на ситуацијата“ во Појасот Газа по постигнувањето договор меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, што беше објавено синоќа од посредниците од Катар, Египет и САД.
„Се надеваме дека спроведувањето на сегашниот договор ќе придонесе за трајно стабилизирање на ситуацијата во Појасот Газа и ќе создаде услови за враќање на сите привремено раселените лица“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на својата редовна неделна прес-конференција. рп/
Фото: МИА архива