• сабота, 29 јуни 2024

Русија предупреди дека авионите Ф-16 ќе доведат до ескалација на војната

Русија предупреди дека авионите Ф-16 ќе доведат до ескалација на војната

Копенхаген, 21 август 2023 (МИА) - Русија ја осуди одлуката на Данска и Холандија да донираат борбени авиони Ф-16 на Украина, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до ескалација на конфликтот.

-Фактот што Данска сега одлучи да донира 19 авиони Ф-16 на Украина води кон ескалација на конфликтот. Криејќи се зад премисата дека Украина самата мора да ги одреди условите за мир, Данска сака со своите постапки и зборови да постигне дека Украина нема друг избор освен да го продолжи воениот конфликт со Русија, изјави рускиот амбасадор Владимир Барбин, пренесоа данските медиуми. 

Данска и Холандија вчера објавија дека ќе и дадат на Украина авиони Ф-16. Првите шест авиони ќе бидат испорачани околу Нова година.

Данскиот министер за одбрана Јакоб Елеман-Јенсен изјави дека Украина ќе може да ги користи донираните авиони Ф-16 само на своја територија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан