• петок, 29 март 2024

Русија и испорача уште еден С-400 на Белорусија

Русија и испорача уште еден С-400 на Белорусија

Минск, 29 мај 2023 (МИА) - Русија испорача уште еден систем за противвоздушна одбрана С-400 на Белорусија, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белорусија.

„Уште еден ракетен систем С-400 пристигна во Белорусија. Системот наскоро треба да стапи во борбена должност. На полигоните во Русија, белоруските војници поминаа целосна обука за борбена употреба на системи за противвоздушна одбрана“, се наведува во соопштението.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во декември 2022 година изјави дека земјата распоредила руски ракетни системи С-400 и Искандер на нејзина територија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан