• среда, 04 декември 2024

Русија го критикува Шолц за новите ветувања за помош на Украина

Русија го критикува Шолц за новите ветувања за помош на Украина

Москва, 3 декември 2024 (МИА) - Русија ја критикуваше најновата најава на германскиот канцелар Олаф Шолц за помош за Украина, по неговата вчерашна посета на Киев, јави ДПА

- Шолц не кажа ништо ново, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека како и другите претставници на европските држави, Шолц посочил дека актуелниот курс во оваа војна ќе продолжи.

- Тие намерно продолжуваат со нивната деструктивна политика насочена кон поттикнување и продолжување на оваа војна, рече Песков, цитиран од руските новински агенции. Русија ја започна војната со голема инвазија во февруари 2022 година.

И покрај критиките за Шолц, Песков изјави дека Москва е подготвена да продолжи со неодамна обновените контакти со канцеларот.

- Се разбира, постои смисла да се продолжат контактите; секогаш има смисла да се обноват. Претседателот (Владимир Путин) повеќепати истакна дека останува отворен за дијалог со цел постигнување на нашите цели, рече Песков.

Во ноември, Шолц телефонски разговараше со Путин, првпат по речиси две години, но претрпе меѓународни критики за одржувањето на тој повик.

Во однос на најновиот пакет воена помош за Украина од Вашингтон, кој изнесува околу 725 милиони долари, Песков изјави дека испораките „не можат да влијаат на динамиката на фронтот“. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан