• сабота, 23 ноември 2024

Русија ги намалува можностите за инвеститорите од „непријателските држави“

Русија ги намалува можностите за инвеститорите од „непријателските држави“

Москва, 8 август 2022 (МИА) - Руската централна банка денеска објави серија мерки насочени за спречување на инвеститори од „непријателските“ земји преку погодностите предвидени за вложувачите од „пријателските држави“, да продолжат да тргуваат на Московската берза.

Московската берза минатата седмица соопшти дека по речиси полгодишна пауза ќе им овозможи на клиентите од пријателските држави или од оние земји што не воведоа санкции против Русија, да почнат да тргуваат. Но, подоцна беше истакнато дека тоа ќе се однесува исклучиво на пазарот на деривати, а не на главниот пазар на акции, без да се појасни кога ќе биде дозволен поширок пристап. Аналитичарите сметаат дека одложувањето е делумно последица на загриженоста дека инвеститори од САД, ЕУ и Велика Британија би можеле да ги искористат поволностите предвидени за пријателските земји, за на „задна врата“ да влезат на берзата и да продолжат да тргуваат со акциите што се во нивна сопственост. Централната банка денеска соопшти дека на шест месеци ги блокира руските депозитории и регистри во извршувањето трансакции врзани за хартии од вредност добиени од странски партнери, вклучувајќи ги тука и пријателските земји. Регулаторот соопшти дека било забележано брокери да нудат опција за купување хартии од вредност од државјани на странски земји, а потоа да ги пренесуваат во рускиот депозиториум, што е опишано како ризичен потез, „без гаранции за очекуван финансиски исход“. Западните санкции го ограничија пристапот на Русите на глобалните берзии на акции, додека противмерките на Москва значат забрана на пристап на странци во продажба или купување руски акции. аб/

Остани поврзан