• среда, 01 април 2026

Руската одбрана ноќеска неутрализирала 42 украински дрона

Руската одбрана ноќеска неутрализирала 42 украински дрона

Москва, 1 април 2026 (МИА) – Руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборила 42 украински дрона, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Во текот на изминатата ноќ – од 20:00 часот на 31 март до 7:00 часот по московско време – со дежурни средства на противвоздушната одбрана беа пресретнати и уништени 42 украински беспилотни летала од авионски тип“, стои во соопштението.

Според податоците на руските власти, најголем број од дроновите, триесет, биле соборени над Ростовска област, додека три над Кримскиот Полуостров. аб/јт

фото/МИА архива

Остани поврзан