• четврток, 04 јули 2024

Русите ноќеска на руска територија уништиле 10 украински дронови и два беспилотни чамци

Русите ноќеска на руска територија уништиле 10 украински дронови и два беспилотни чамци

Москва, 3 јули 2024 (МИА) - Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 10 украински беспилотни летала над териториите на неколку региони и два брода без екипаж, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана спречиле обид на украинските сили да извршат напади со беспилотни летала и чамци над територијата на регионите Белгород, Брјанск и Москва, како и во правец на Црноморското пристаниште Новоросијск.

Се прецизира дека се уништени пет беспилотни летала над територијата на регионот Белгород, четири  над територијата на областа Брјанск, а едно беспилотно летало е уништено над територијата на Московската област, како и два поморски дрона кои се упатиле во правец на пристаништето Новоросијск. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан