• недела, 19 мај 2024

Ромеро: Меси побара од Барселона да договори трансфер пред крајот на сезоната

Ромеро: Меси побара од Барселона да договори трансфер пред крајот на сезоната

Мадрид, 22 април 2023 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси побарал Барселона да договори негово враќање на „Камп ноу“ пред крајот на оваа сезона, објави Жерар Ромеро.

 

Според шпанскиот новинар, 35-годишниот аргентински фудбалер ќе остане во францускиот клуб доколку Барселона не преземе одлучни чекори за да го договори неговиот трансфер во каталонскиот тим.

 

Договорот на Меси со ПСЖ е со важност до крајот на јуни 2023 година. Напаѓачот оваа сезона одигра 36 настапи за Париз, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.

 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 45 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан