• понеделник, 23 декември 2024

Рома на лето се разделува со Џеко

Рома на лето се разделува со Џеко
Рим, 17 април 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома сака да ја заврши соработката со босанскиот напаѓач Един Џеко на крајот од сезоната, пренесуваат денеска локалните медиуми. Џеко (35) има важечки договор со Рома до јуни 2022 година, но според медиумите, неговата годишна плата од 7.5 милиони евра е голем финансиски товар за прволигашот од Рим. Менаџерот на босанскиот репрезентативец во најскоро време ќе седне на преговарачка маса со генералниот директор на Рома, Тиаго Пинто, во обид двете страни да најдат заемно прифатливо решение за евентуално продолжување на соработката. Џеко игра во Рома од 2016 година. ег/

Остани поврзан