• недела, 22 декември 2024

Романо: Иднината на Тен Хаг во Манчестер би можела да се реши по натпреварите со Порто и Астон вила

Романо: Иднината на Тен Хаг во Манчестер би можела да се реши по натпреварите со Порто и Астон вила

Манчестер, 1 октомври 2024 (МИА) - Раководството на Манчестер јунајтед го поддржува тренерот Ерик тен Хаг, но притисокот врз него расте, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Клучните натпревари кои би можеле да ја одлучат иднината на Холанѓанецот ќе бидат претстојните натпревари против Порто во Лига Европа (3 октомври) и Астон вила во Премиер лигата (6 октомври).

По поразот од Тотенхем (0:3) изминатиот викенд на домашен натпревар од Премиер лигата, Тен Хаг изјави дека не размислува за отказ.

Манчестер јунајтед има седум бодови и е на 13. место во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан