• понеделник, 23 декември 2024

Розберг: Не знам дали Хамилтон е свесен колку паузата ќе му делува негативно на менталните способности

Розберг: Не знам дали Хамилтон е свесен колку паузата ќе му делува негативно на менталните способности
Лондон, 11 мај 2020 (МИА) - Поранешниот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг се сомнева дали неговиот поранешен ривал Луис Хамилтон разбира колку недостатокот на трки оваа година ќе влијае на неговите ментални способности како возач. - Тој става сè во себе. Само не сум сигурен дали разбира како се влошува телото за пет месеци без тренинг  во однос на чувството на точност и вештина зад воланот. Германецот исто така инсистираше на тоа дека шесткратниот шампион Хамилтон треба да направи когнитивен тренинг. Мислам дека Луис не знае што точно треба да направи, изјави Розберг за германската телевизија РТЛ. Розберг смета дека евентуалното враќање во трки ќе биде тешко за сите возачи. - Гледам два предизвици за возачите. Прво, мускулите и особено мускулите на вратот. Невозможно е да ги тренирате во домашни услови. Тие се тренираат само во автомобилот за време на вежбањето на патеката. И она што е потешко, според мое мислење, возачите ги губат навиките што се градат во вашиот мозок и ви помагаат да реагирате за време на трката. Првите 10 трки сезонава од Светскиот шампионат во Формула 1 беа одложени или откажани со надеж дека ќе се рестартираат без гледачи во Австрија на 5 јули. зс/

Остани поврзан