• петок, 22 ноември 2024

Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица 

Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица 

Кавадарци, 24 мај 2024 (МИА) - Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од три лица, кавадарчанец бил лишен од слобода поради нарушен  јавен ред и мир со агресивно однесување. За ова денеска информираа од СВР Велес. 

- Вчера во  ОВР Кавадарци биле повикани М.Д.(47), Р.Д.(48) и М.Д.(28) сите од село Пепелиште, неготинско, и со нив  е извршен службен разговор, по претходна пријава од М.П. (44) од Кавадарци, дека на место викано „Пунктот“ на Тиквешко езеро додека извршувала службени задачи  како рибочувар, била физички нападната од М.Д., Р.Д. и М.Д.. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

Синоќа во 18.45 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле С.Ф.(42) од Кавадарци, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан