• недела, 22 декември 2024

РИА Новости: Причината за експлозијата во рускиот воен камп е човечки фактор

РИА Новости: Причината за експлозијата во рускиот воен камп е човечки фактор
Москва, 29 март 2022 (МИА) – Руската агенција РИА Новости јави дека причина за експлозијата во рускиот воен камп во Белгородската област е човечки фактор. Ова за агенцијата го соопштил неименуван извор од службите за итни случаи. И гувернерот на белгородската област Вјачеслав Гладков претходно на својот профил на Телеграм соопшти дека причината за експлозиите сè уште не е позната. „Експлозиите престанаа. Според извештајот на селските старешини, меѓу селаните нема настрадани. На местото на настанот пристигнала работна група на Министерството за вонредни состојби. Сега ќе се изврши уште една обиколка на селото за да се утврди евентуална штета. Причината за инцидентот ќе ја соопштам по сите преземени истражни мерки“, напиша Гладков. Руската агенција ТАСС претходно јави дека граната погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна. јт/

Остани поврзан