• петок, 22 ноември 2024

Решен проблемот со канализациската мрежа кај училиштето „Гоце Делчев“

Решен проблемот со канализациската мрежа кај училиштето „Гоце Делчев“

Штип, 30 април 2024 (МИА) - Решен е проблемот со фекалната канализација на домаќинствата кај Општинското основно училиште „Гоце Делчев“, по што од денеска започна уредувањето на просторот со павер елементи на платото кај училиштето.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека откако заврши првата фаза, односно решавање на проблемот со излевање на фекалната канлизација се пристапи кон втората фаза уредување на просторот со павер елементи.

- Овде долги години се создаваше проблем со излевање на фекалната канализација. Во изминатиот месец екипите на ЈП „Исар“ работеа на санирање на овој долгогодишен проблем кој ги засегаше и станарите од станбените згради и самите ученици. Го решивме тој проблем и сега се навлегува во втората фаза, а тоа е уредување на самото плато, вели Јорданов.

Во меѓувреме се работи и на неколку останати локации во Штип, уредување на улици, тротоари и влезови пред станбени згради, со што се подобруваат условите за живот на граѓаните.

-Се заврши улицата „Милојкова“ во Ново Село која партерно се уредуваше. Наредните денови треба да се работи на улицата „Партизанска“, како и довршување на улиците„ „Енгелсова“ и „ЈНА“ во населбата Осми Ноември, изјави Јорданов.

За завршување на инфраструктурните зафати кај училиштето „Гоце Делчев“  се издвоени половина милион денари од Буџетот на Општина Штип. вдј/мд/

Фото: МИА 
 

 
 

 

Остани поврзан