• недела, 22 декември 2024

Речиси милион Украинци без струја

Речиси милион Украинци без струја
Кошице, 11 март 2022 (МИА) - Повеќе од 954.000 Украинци во моментов немаат струја поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска украинската компанија Енергоатом. „Речиси 228.000 потрошувачи останаа без гас“, соопшти Енергоатом, која управува со нуклеарни реактори лоцирани во четири нуклеарни централи. Енергоатом претходно соопшти дека повеќе нема да купува руско нуклеарно гориво. Исто така наведе дека сите нуклеарни централи во Украина работат стабилно, но дека вработените во нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од руската армија, трпат психолошки притисок. Нивото на радијација во сите нуклеарни централи не е променето. паг/  

Остани поврзан