• понеделник, 23 декември 2024

Рецитал „Клавишите на Арда“ во Филхармонија

Рецитал „Клавишите на Арда“ во Филхармонија
Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Рецитал на младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу насловен „Клавишите на Арда“  вечер ќе се одржи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс. Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Кариерата ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни натпревари: Grand Prix на EMCY натпревар во Истанбул (Турција); прва награда на интернационалниот натпревар „Antonio Salieri“ во Верона (Италија); трето место на интернационалниот натпревар „Triomphe de l’Art“ во Брисел (Белгија); прво место на интернационалниот натпревар „Kunst Und Frieden“ во Хамелбург (Германија), натпреври во Грција, Србија, Бугарија, Албанија и Франција. Негови позначајни настапи се концертот во „Burgau Castle“ – Дирен, настапот на „Охридско Лето“ во црквата Св. Софија – Охрид, настапот со Македонската Филхармонија, настапот со Софиската Синфониета, концертот со квартетот „EOS“ во Модане, концертот со квинтетот „Marmara“ во Србија, настапите и концертите во Германија (Ахен, Бон, Келн), Фрација (Сен Жан-де-Луз, Модане, Париз), Турција (Истанбул, Анталија), Италија, Србија и Бугарија. Арда е пијанист кој ја продолжува школата на Евгениј Корољов. После јасно дадените насоки на професорот Корољов и интензивните подготовки со професор Милица Шкариќ, Арда ги започнува студиите кај професор Ана Виницкаја на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. За придонес во светската афирмација на градот Скопје, на Арда Мустафаоглу му е доделена наградата „13 Ноември“. вј/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан