• недела, 26 јули 2026

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

Ресен, 17 јули 2026 (МИА) - Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на ресенец од мечка.

Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н. И. (41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот, Н. И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. мт/са/

Фото: МИА