• недела, 22 декември 2024

Републиканецот Мајк Џонсон собра доволно гласови да биде спикер на Претставничкиот дом на САД

Републиканецот Мајк Џонсон собра доволно гласови да биде спикер на Претставничкиот дом на САД

Вашингтон, 25 октомври 2923 (МИА) - Републиканецот Мајк Џонсон, од американската сојузна држава Луизијана, обезбеди доволно мнозинство од гласовите на своите колеги од неговата партија за да стане нов шеф на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, јави Си-Ен-Ен.
Изборот на Џонсон, истакнат сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, создава услови за продолжување на работата во Долниот дом на американскиот Конгрес - 22 дена откако група од најстрогите републикански конзервативци извршија отстранување на Кевин Мекарти од функцијата претседател на Претставничкиот дом.

По тој настан, Претставничкиот дом - каде што Републиканската партија на САД има многу слабо мнозинство - не беше во можност да дебатира и усвои закон, а настана хаос меѓу поделените републиканци.

Белата куќа побара републиканците во долниот дом на Конгресот итно да го решат меѓусебното триење во интерес на Американците, бидејќи федералниот буџет мора да биде усвоен во ноември, а без него федералната влада и институциите нема да можат да работат и нивните вработени нема да можат да земаат плати. Законите за обезбедување финансиска помош за Украина и Израел, две земји во кои беснеат војни, исто така чекаат на разгледување.

Џонсон освои доволно гласови - вкупно 220, три повеќе од потребните 217 - за да биде избран на највисоката функција во Претставничкиот дом. Пред него, тројца републиканци се обидоа неуспешно: Стив Скализ, Џим Џордан и Том Емер.

Доналд Трамп, како се уште највлијателна личност во Републиканската партија, лично ги поддржуваше Џонсон и Џордан пред него и се спротивстави на Емер. зш/

Остани поврзан