• четврток, 03 октомври 2024

Репрезентативецот Николов нов кошаркар на турски Конјаспор

Репрезентативецот Николов нов кошаркар на турски Конјаспор
Конја, 13 јули 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов е нов член на турскиот прволигаш Конјаспор, потпишувајќи едногодишен договор. Николов по пауза од неколку години се враќа во турското првенство од редовите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, во чиј дрес минатата сезона имаше просек од 7,6 поени, 1,9 скок и 3,6 асистенции по натпревар. Претходно во кариерата, 25-годишниот плејмејкер настапуваше за турските екипи Галатасарај, Истанбул Бујукшехир, Јесилгиресун и Сокар Петким. ег/сст/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан